Ласкарци: Автобусот во кој загинаа 16 лица немал исправни кочници

На продолженото судење за Случајот „Ласкарци, во кој во „сообраќајкка“на автобусот на „Дурммо Турс“ во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа, изнесе стручна оценка дека автобусот немал исправни кочници.



Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не, пренесува Независен.

„Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите“, одговори тој.

На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите.

Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало.

„Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета“, рече вештакот.

Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири.