„Соединетите Американски Држави се единствената земја, која како агресивна воена империја сонуваше да освои нови територии, а потоа и целиот свет, единствената која го правеше тоа доследно во последниве 30 години.“ – изјави на јутуб-каналот Dialogue Works Лари Џонсон, поранешен агент-аналитичар на американската разузнавачка агенција ЦИА и од 1989 до 1993 година заменик-директор на Канцеларијата за борба против тероризмот на Министерството за надворешни на САД – Стејт Департментот.
Покрај другото, Џонсон во својот настап изнесе: „Соединетите Американски Држави се однесуваа како насилници. Тие веруваа дека можат да грабнат територија и пари како што сакаат. Пред некој ден прочитав извештај на Службата за истражување за американските воени интервенции во странство при американскиот Конгрес. Од 1991 година, односно во текот на изминатите 32 години, Соединетите Американски Држави спроведуваа во просек по осум воени операции годишно. Тоа значи повеќе од 200 воени операции, дури и 230.“
„Групата на 20 најразвиени држави во светот ‘Г-20’, групата на 7 најразвиени држави ‘Г-7’, Организацијата на Обединетите Нации, Светската трговска организација – сите овие меѓународни организации се создадени и беа под големо влијание на Соединетите Американски Држави. Тие беа понекогаш користени за казнување одделни држави во светот, но сега исчезна трпението и тоа повеќе нема да се толерира.“
„Ја гледаме појавата на новиот светски поредок, кој САД не го контролираат и не го водат. Светот се оддалечува од хегемонијата на САД. “




