Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека општините во Македонија немаат направено репроценка на данокот на имот, а базите на податоци им се стари од 2005 година.
Поради тоа, во некои од нив многу е низок процентот на наплата и како пример наведе општина во која имало наплата од само 970 денари во текот на минатата година.
Градоначалникот на Велес најпрво ooдби да ја соопшти која е таа општина, подоцна ја соопшти дека станува збор за скопската општина Арачиново, пренесе Сител.





