Лани се прислушкувало повеќе отколку во 2017 година

Државниот обвинител Љубомир Јовевски до Собранието достави извештај за примената на посебни истражни мерки, според кој, лани, за 37% е зголемено користењето на посебни истражни мерки во споредба со 2017.



Статистички, лани во 95 случаи биле применети ПИ–мерки и биле следени 317 лица., пшренесе Алсат М.

Овластен обвинител од Јовевски го презентираше Извештајот во Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

„Споредбено во однос на 2017 година претставува зголемување кога овие мерки биле применувани во 71 случај против 289 лица со утврден идентитет, за 363 предмети на кривично дело“, рече обвинителот Бодан Лазаревски.

На комисијата не присуствуваа пратеници од власта, јавува Алсат М.