Лани регистрирани речиси 50.000 самоубиства во САД

Повеќе луѓе извршиле самоубиство во Соединетите држави минатата година отколку која било друга година досега, покажувваат прелиминарните податоци од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, објави Си-Ен-Ен.



Во 2022 година биле регистрирани најмалку 49.449 – скоро 15 смртни случаи на секои 100.000 луѓе.

Стапката на самоубиства се зголеми во 2021 година, и со континуираното зголемување во 2022 година, стапките го надминаа претходниот рекорд од 2018 година.

Истражувач во американската Фондација за превенција од самоубиства, Џил Харкави-Фридман, изјавил дека главниот двигател на самоубиствата е и зголемената достапност до оружје.