Лани помалку родени од починати…

Во Македонија минатата година се родиле 19.031, а умреле 25.755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе.



Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11.258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Во градските подрачја умреле 15.948 лица или 61.9 %, а 9.807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја.

Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4.690 лица во градските подрачја и -2.034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 проценти.