Со сослушување на поп-пејачот Ламбе Алабаковски како сведок на битолското обвинителството во Основниот суд во Битола денеска продолжи судењето на Љупчо Ѓеоргиевски, претседателот на згаснатиот Културен центар „Иван Михајлов“, кој се товари за поттикнување омраза врз национална основа, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Алабаковски, како сведок на обвинителството, посочи дека постојано добива пораки со смртни закани за него и неговото семејство откако пред повеќе од една година, во јули 2022 г., го подметна пожарот во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.
Тогаш тој го призна делото и доби условна казна од шест месеци доколку во период од една година не стори ново кривично дело.
„Најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски.
Прочитајте го целиот текст во продолжение:






