Лајпциг нуди 25 милиони евра за Елмас

Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, специјализиран за фудбалски трансфери, објави дека германскиот бундеслигаш е подготвен да издвои 25 милиони евра за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Наполи.



„РБ Лајпциг отвори преговори за потпис на Ељиф Елмас – се дознава дека е поднесена понуда од 25 милиони евра.

Преговорите ќе се водат со Наполи, бидејќи Елмас е отворен за промени и да проба ново искуство во 2024 година.

Тоа би бил траен трансфер – договори и напредув“, објави Романо на Твитер.

Играчот за врска на Наполи ја игра петтата сезона за италијанскиот шампион, за кој има постигнато 19 гола на 185 натпревари. Договорот со тимот од Неапол му истекува на крајот на јуни 2025 година, а стрелецот на 12 погодока на 52 меча „Трансфермаркт.де“ го проценува на 26 милиони евра.