„Лајм“: „Какви песни и пеел Селами Колоња на Теута Арифи, што зел за 1 година 23 илјади евра со своето семејство?“

„Скандал изби во општина Тетово, бидејќи поранешниот градоначалник Теута Арифи им дала договори на многу луѓе, кои не придонеле за општина Тетово. Засега не се знае зошто Арифи ги дала сите тие договори за работа. Според актуелниот градоначалник Билал Касами има повеќе од 400 договори. Иако беа објавени 811 договори, всушност тие се 400, бидејќи се шестмесечни договори. Во 400-те договори за работа се појавуваат многу имиња, за кои постои сомнеж што дале за општина Тетово, кога зеле толку многу пари.“ – пренесува весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пренесува: „Меѓу оние со такви договори е и Селами Колоња, професор на државниот универзитет во Тетово и пејач од Струга: тој добивал по 30 илјади денари секој месец, а исто толку добивале и Таулант Колоња, Бесарт Колоња и Елмедина Колоња. Ако Селами Колоња имал договор на 12 месеци, тогаш тој заработил 360 илјади денари. Тој и Таулант, Бесарт и Елмедина Колоња вкупно заработиле од општина Тетово 23 илјади и 414 евра годишно. Според општина Тетово, тие имале годишни договори. Се очекува струшкиот пејач да објасни за парите, што ги добил од Општина Тетово.“

„На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно со нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати, што не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние кои не испратиле извештај за сработеното ќе им биде испратено известување да ги вратат добиените пари од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави.“ – изјавија вчера претставници на општина Тетово. Градоначалникот Билал Касами по стапувањето на функцијата соопшти дека вкупниот долг на општината изнесува над 24 милиони евра.