„Лајм“: ДУИ сè уште нема Централно претседателство, дали само Ахмети одлучува?

„Албанската партија во власта ДУИ и натаму нема Централно претседателство. Во овој момент ‘интегристите’ на чело на партијата го имаат само лидерот Али Ахмети.“ – вели весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „ДУИ и натаму без Централно претседателство! Дали лидерот Али Ахмети ги донесува сите одлуки?“

„Лајм“ пишува: „Прашање е: кој ги донесува одлуките во партијата во овој период кога во земјата има нови и важни случувања?“



„Опозицијата бара предвремени парламентарни избори, додека од ДУИ велат дека избори ќе има во 2024 година. Актуелна е и темата на бугарското вето, но се расправа и за многу други проекти.“