Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за специјален претставник на ЕУ за Западн Балкан, потврди еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, за Радио Слободна Европа.
Мирослав Лајчак од 1999 до 2001 година, беше асистент на Едвард Кукан, специјален претставник на генералниот секретар на ОН zа Балканот.
Помеѓу 2001 и 2005 година, Лајчак беше амбасадор во Сојузна Република Југославија, Албанија и Поранешна југословенска Република Македонија.
Во 2006 година, тој беше назначен за претставник на ЕУ за референдумот за независност на Црна Гора.
Тој ја презеде функцијата Висок претставник на Обединетите нации за Босна и Херцеговина од 30 јуни 2007 година, на местото на Кристијан Шварц-Шилинг, ана 16 декември 2007 година, беше прогласен за „Личност на годината“ во изборот на дневниот весник „Независне новине“.
Во декември 2009 година, е именуван од ЕУ за директор за Русија, за Исток и за Западен Балкан.
„Познавајќи го Лајчак и неговите успеси сметам дека е многу добар избор. Ќе може да му помогне на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, а и мене, да оствариме напредок“, рече Вархеји за време на самитот на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан во Прага.
Лајчак ќе биде задолжен да помага во односите помеѓу ЕУ и регионот и за рестартирање на дијалогот помеѓу Косово и Србија.
Лајчак е поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.





