Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави пресуда за медиум кој го клеветел а кој бил дел од цена кампања против него инструирана од власта на СДСМ и ДУИ но која се шири и од инсталации на Левица.
Пред оваа пресуда за порталот Бриф судот за лаги и клевети ги осудил и Џабир Дерала и негов медиум кои се блиски на СДСМ.
,,Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг.
Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите.
По добиената пресуда вчера медиум се извини за изнесената клевета кон мене.
https://www.brif.mk/objava-na-presuda/
Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава”, вели Мицкоски според кого овие лаги повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење.

,,Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат”, смета Мицкоски.






