Лагата на деценијата и народната пратеничка Жаклина

Дел од граѓаните на Охрид вљубеници во здравиот начин на живот, природата и спортот за една од лажгите на деценијата го сметаат јавното ветувањето од охридската пратеничка на Жаклина Лазареска за велосипедска патека околу езерото.



Пред 4 години, Жаклина Лазареска, пратеничка од СДСМ од Охрид, на својот ФБ профил, помпезно објави дека е постигнат договор за „Охридско-Струшки сојуз во Парламентот меѓу пратениците од власта и опозицијата кога се работи за доброто на граѓаните“ и најави дека „На комисијата за финансирање и буџет едногласно е усвоен амндман предложен од опозицијата во изменета форма во износ од 3 000 000 денари за изградба на велосипедска патека по должина на стариот пат Охрид-Струга“.

И по 4 години, охриѓани, стружани но и другите граѓани од Македонија, ја очекуваат изградбата на велосипедската патека а според охриѓани, ова е една од низата лажги на деценијата и празни ветувања дадени и искажани од пратеничката која, со ова, како што велат, им даде само надеж на граѓаните дека, ќе биде изградена современа велосипедска патека помеѓу крајезерските локации на стариот пат Охрид-Струга.

На овој пат, посебно за време на пролетните и летни месеци, заживува велосипедизмот и бројни вело вљубеници на рекреативниот вело туризам од Македонија и странски туристи, возат велосипед и уживаат во природата и убавините на езерското крајбрежје истовремено, ставајќи се во опасност од небезбедниот пат каде нема прописно означена вело патека.

За жал, тука случени се неколку сообраќајни несреќи во кои, велосипедисти ги загубиле своите животи.

Инаку, ФБ постот на Лазаревска со кој, безобразно и дрско ги прелажа граѓаните и вело вљубениците, таа го објави на 24 јуни 2022 година, по претходна ФБ објава на Стефан Димоски, претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, кој заедно со членови на ИПА но и граѓани од Охрид и Струга, ја реализирале 6-та велосипедската тура Охрид-Струга-Радожда.

Според објавите на ИПА Охрид, минатата 2023 година, вело турата прерасна во Интернационална вело манифестација на која покрај велосипедисти од ИПА Македонија, учествувале и велосипедисти од Бугарија и Романија како и други граѓани кои, учествувале и ја подржале идејата за вело патека помеѓу Охрид и Струга. Во 2022 година, поддршка на ИПА идејата за вело патека Охрид-Струга-Радожда, со учество, имале и велосипедистите Александар Стојков, Лазо Миноски, Владимир Секулоски и Кирил Марковски од Скопје, кои претходно ја возеле вело турата „Вера 2022“ во должина од околу 3000 километри низ Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија. Тогаш, МРТВ беше медиумски спонзор на ИПА вело турата.

Во продолжение ФБ објавата на Жаклина Лазареска, пратеничка од СДСМ од Охрид, постирана во 2022 година кога помпезно на својот ФБ профил напиша:

„Кој вели дека не може да има Охридско-Струшки сојуз во Парламентот меѓу пратениците од власта и опозицијата кога се работи за доброто на граѓаните?!! На комисијата за финансирање и буџет едногласно усвоен амндман предложен од опозицијата во изменета форма во износ од 3 000 000 денари за изградба на велосипедска патека по должина на стариот пат Охрид-Струга“.

Објавата на Лазаревска никогаш не стана реалност затоа што СДСМ никогаш не го изгласа овој проект во буџетот на Македонија.

Техничката грешка на луѓето на ДУИ која ја плаќаме десетици илјади евра годишно

Кадарот на ДУИ кој беше закана за македонското небо се ,,протнал” за огромна плата во М-НАВ