Славната колумбиската пејачка Шакира секојдневно може да се забележи низ Барселона во многу опуштено и обично издание. Во своето возило со своите два сина, во парк, пред градинка или на шопинг, со што покажува дека нејзиниот живот не се разликува многу од животот на другите мајки.
Додека нејзиниот партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике поголемиот дел од времето го минува на тешки тренинзи и подготовки за новите натпревари во сезоната која штотуку започна, Шакира е главно ангажирана со нивните деца.



Утрото во семејството на познатата пејачка започнува многу активно и весело, и со возачка тура низ главниот град на Каталонија.

По возење двегодишниот Саша и четиригодишниот Милан одат во градинка, а Шакира се упатува во теретана и активно вежба за да ја одржи линијата.
Шпански папараци често можат да ја забележат наутро во спортско издание како внимателно ги носи сите потребни намирници за нејзините момчиња, кои се многу среќни играјќи си со своите врсници, па затоа Шакира нема проблем да се одвои од нив па дури ни со малиот Саша.


Но по сите секојдневни семејни обврски, симпатичната пејачка, секогаш е средена и секси кога се во прашање црвениот тепих и настапите.