Најобичен квиз со бугарски ученици кои не знаат кој е Гоце Делчев на најпластичен начин покажува колкава е лагата на официјална Софија за наводниот бугарски карактер на Гоце Делчев.
Неодамна на квиз во Бугарија на ученици им беше зададено прашање да го погодат македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Ниту еден ученик не знаеше кој е тој.
На социјалните мрежи се споделува видеото на Магазин Шило од квиз во Бугарија, во кои ученици не можеа да се сетат кој е Гоце Делчев, откако им беше покажана неговата фотографија.
„Кој внимавал на часовите по историја, кој е овој човек?“, гласеше прашањето додека во позадина се гледаше фотографијата од македонскиот револуцинер.Ниден од натпреварувачите немаше одговор, можеби зошто не внимавале на часовите по историја или пак едноставно не го знаат зашто не е бугарски , туку македонски револуционер и идеолог, пренесува Канал 5 каде што можете да го видите видеото од доказот дека Гоце Делчев е Македонец и ниту сега ниту некогаш бил Бугарин.
Видеото на овој линк
https://kanal5.com.mk/bugarski-uchenici-na-kviz-nemaat-poim-koj-e-goce-delchev-video/a604268





