„Квалитетниот“ кадар на премиерот пак во беља

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, повторно се најде на критика на јавноста, откако осамна на групата „Ѕидот на сообраќајниот срам“.



Каевски, кој беше уредник на скандалозната книга издадена од АМС во која се навредуваа жени и Албанци, деновиве е фатен како ги крши Законот за сообраќај и кодексот на однесување во центарот на Скопје.

Покрај тоа што не носи задолжителен заштитен шлем и гази на пешачките знаци, тој го допира носот додека чека семафор на својата „веспа“.

По скандалот со антиженските и антиалбански песни во книгата на АМС премиерот Заев одби да го смени Каевски, со образложение дека станува збор за квалитетен кадар.