Квадратен метар стан во Охрид и до 3.000 евра, во Скопје – до 2.000

Квадратен метар станбен простор во Охрид во новоградбите во централното градско подрачје достигнува и до 1.800-1.900 евра, а покрај крајбрежјето и до неверојатни 3.000 евра, објави Вечер прес.



И покрај вртоглавите цени, од тамошните агенции за недвижности велат дека побарувачка има.

Ова се должи на Рекорден раст на цените на недвижнините во третото тримесечје од годинава. Недвижностите поскапеле за дури 21,2 процентни поени на годишно ниво, незабележан од „бумот“ во 2009-та година.

Имано,статистичките податоци само го потврдуваат она што се случува на пазарот на недвижности, и тоа не само во Скопје, каде што квадратен метар стигна до 2.000 евра. На Водно и во Центар, станбениот простор е и нешто поскап…