Влијателниот американски медиум „Политико“, во својот преглед на темите на денот во ЕУ, пишува за Македонија во контекст на спорот со Бугарија и почеток на преговори.
Под наслов “Проширување? Не благодарам „Politico“ пишува дека на денешната средба на амбасадорите на земјите членки во ЕУ, треба да се дискутира процесот на пристапните преговори на Македонија и Албанија.
Но, според медиумот кој се повикува на дипломати Бугарија, се очекува да каже „не“ за почеток на преговори за Македонија, односно за старт на првата меѓувладина конференција со Македонија, што е прв чекор на патот кон членството.
Политико го потврдува документот за кој денеска пишува Еxpres.mk, а во кој Бугарија најавува дека ќе ја блокира Македонија.
„Во документ дистрибуиран од Софија до владите на членките на ЕУ кој што е виден од Јакопо Баригаци (новинар на Политико) Бугарија вели дека причината е “државно спонзорирана анти-бугарска идеологија”, објавува Политико.
Од Политико потсмешливо од читателите бараат да не се прашуваат повеќе за “бугарската сензитивност која се базира на кавга за тоа кој подобро се борел со Отоманската империја пред повеќе од еден век”.
Во заклучокот на американскиот медиум Македонците се нарекуваат „Северномакедонци“ и „кутри“ затоа што откако се откажале од името поради Грција, сега треба да се откажат и од историјата.
“Кутрите Северномакедонци: Се откажаа од името на државата за да ги задоволат Грците и сега од нив се очекува да ја предатат историјата на бугарски одобрување. Се тоа поради магловитата можност евентуално да влезат во ЕУ, замислете”, пишува влијателниот американски медиум кој е еден од најсериозните во покривање на состојбите во и околу ЕУ.
Веста што утринава ја објави Еxpres.mk потврдена и од Politico.
ЕКСКЛУЗИВНО: Бугарија со „циркуларка“ за Македонија до членките на ЕУ, текстот е лош





