Курумблис: Штом се реши името, Грција ќе стане регионална сила

Грчкиот министер за поморска флота Панајотис Курумблис ја обзнани амбицијата на Грција да стане регионална сила на Балканот, а тоа, според него, ќе се случи кога ќе бидат надминати отворените прашања со Македонија и со Албанија.



Тој смета дека начинот на кој Владата, премиерот Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас ги водат разговорите за разликата за името на северниот сосед ги фарантира националните интереси на Грција.

На прашањето на ТВ Скај дали се согласува терминот Македонија да фигурира во името на соседот, министерот што на 10 години го изгубил видот од експлозија на германска граната останата од Втора светска војна прецизира дека станува збор за сложено име.

„Не мислам дека е дадено името Македонија. Станува збор за сложено име и треба да ви кажам дека првпат во преговорите се вклучени и прашањата за иредентизмот“, изјави членот на СИРИЗА, дополнувајќи дека по завршувањето на преговорите со Македонија и со Албанија „Грција ќе се претвори во регионална сила“.