Курто Дудуш против кандидатот на СДСМ во Шутка

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ќе бара уште еден мандат на локалните избори во својата општина, но како кадар на коалицијата ДОМ и ЛДП, дознава „Фокус“.



Претходно, СДСМ одлучи наместо со Дудуш, да се трка во оваа општина со претежно ромско население со Ферат Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на оваа партија на последните парламентарни избори.

Се очекува  ДОМ и ЛДП денес да го промовираат  Дудуш како свој кандидат.