Курто Дудуш не е уапсен, се закани дека ќе го гони новинарот што откри насилство

Еден ден откако јавноста ја слушна “аудио бомбата” во која се слуша градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ Курто Дудуш , ниту МВР ниту јавното обвинителство не објавуваат дека се преземени мерки против него.



На снимката која ја објави вчера lider.mk.com se се слуша како Дудуш на висок тон зборува со извесен Сеад кого што го заклучува во просторија а на аудио снимката се слушаат и удари односно тепање.

Со оглед на тоа што се работи за индиции за насилство од страна на висок функционер на владеачката партија СДСМ и носител на јавна функција градоначалник, според меѓународните стандарди се работи за јавен интерес кој мора да биде истражен од страна на надлежните институции.

Во моментот на објава на овој текст ниту МВР ниту Јавното обвиннителство не објавиле дека го истражуваат случајот кој го носи симболот на „Јавен интерес“.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска најави пријава поради објавената аудио-снимка од страна на порталот „Лидер“, на која, според медиумот, се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината.

Градоначалникот на Шуто Оризари во изјава за Фокус тврди дека станува збор за монтирана снимка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед.

„По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај!“, вели Дудуш за Фокус.