Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш во период од 2020 година до денес, со намера противправно да стекне имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризари, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка.
Против него, на 20 ноември е поднесена кривична пријава до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ“, информираше денеска на прес-конференција Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.
„Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка“, рече Ферат.
За да биде неговото самоволио поголемо, додаде Ферат, Дудуш исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства…







