Вака на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел му одговори косовскиот премиер, кој побара од Албин Курти во иднина да се координира со КФОР и ЕУЛЕКС кога станува збор за полициските акции на северот на Косово.
„Оперативните дејствија не се моја работа, верувам, ниту на некој европски функционер. Владеењето на правото во Косово е работа на косовската полиција“, одговори Курти, пренесува „Коха“.

Курти вели дека „косовската полиција имала безброј обуки на Запад“ и дека таму научила како да не дозволат полициските акции да се политизираат.
Тој вели дека е „неразбирливо“ да се предупредат меѓународните механизми пред „да се воспостави закон и ред во Косово“.
Курти порача и дека е подготвен за дијалог. „Кога ќе закажат средба, јас сум подготвен. Сакам посветен дијалог, но во Косово мора да се почитуваат законот и уставот“, рече Курти.
Борел бара Курти да ја смири ситуацоијата на северот од Косово
Жосеп Борел го потсети Курти дека се очекува да ги спроведе елементите за деескалација договорени со договорот на 27 земји-членки на ЕУ и САД, наведувајќи дека првиот чекор во таа насока е четворица градоначалници во општините на северот на Косово привремено да можат ги извршуваат работните задачи надвор од општинските згради.






