Курти за рестрикциите: Не можевме порано да купиме струја и да ја чуваме во фрижидер

Косово се соочува со рестрикции на струја кои би можеле да траат во наредните два месеца.



Владата на Косово усвои итни мерки кои вклучуваат воведување рестрикции во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за електроенергетските претпријатија.

Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрла критиките на адреса на владата и објаснуа дека Косово не можело порано да купи струја и да ја избегне енергетската криза бидејќи струјата, како што кажа, „не е роба која може да се чува во фрижидер“.

„Нè критикуваа дека требало порано да купуваме струја, но тоа не беше можно бидејќи не можете да купувате струја и да ја чувате во фрижидер. Многу сме изложени на цените на берзата и нема земја во регионот која е извозничка, сите увезуваат. Тешко сме погодени бидејќи сме посиромашна земја од другите, бидејќи домаќинствата трошат седум пати повеќе струја од индустријата“, рече Курти.