Косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ја спушти топката по правот што го крена во Македонија со својата неофицијална посета на скопски Чаир и на Тетово.
„Беше одлично за нас. Овие средби не се одржуваа како средби и собири против никого. Со добри односи меѓу нас, никој нема да настрада. Останатите изјави не ги коментирав, но секогаш ја изразувавме нашата подготвеност за соработка“, изјави Курти за собирите на кои беше веено знаме со карта на Голема Албанија, беа истакнати знамиња на Албанија и на Косово, се интонираше само албанската химна и никаде немаше ниту едно обележје на државата Македонија во која престојуваше тој.
Наспроти сето тоа, претседателот на Владата во Приштина најде допирни точки меѓу Македонија и Косово.
„И тие се членка на НАТО, а ние тука го имаме НАТО. Ова покажува дека нашите односи се одлични“, објасни тој.





