Косовскиот премиер во интервју за германскиот весник „Велт“ се залага за зголемување на бројот на припадниците на КФОР во Косово.
Курти бара поголем број германски војници од претходно, што, како што рече, ќе и помогне на Приштина, бидејќи придонесува за одвраќање на заканите од Србија и Русија.
КФОР би можел да ни помогне да ги изградиме нашите сопствени безбедносни структури и капацитети, рече Курти во ова, уште едно интервју за странски медиуми што го дава во последните денови.
„Го зголемивме буџетот за одбрана за 52 отсто, нашите национални безбедносни сили брои 5.000 припадници и 3.000 резервисти. Но, околу Косово има 48 српски воени бази“, рече Курти.
Тој ги повтори тврдењата дека Србија и Русија тесно соработуваат воено и дека поради заканата од Србија и Русија итно е неопходно да се зголеми бројот на војници на НАТО на Косово.







