Курти: Србија може да не непадне – подготвени сме

Премиерот на привремените институции на Приштина Албин Курти во интервју за Ројтерс ги повтори обвинувањата против Србија, за наводни можни напади врз Косово, со тврдење дека Приштина е подготвена да се брани.



„Не можеме да исклучиме дека агресивната политика на Белград може да се претвори во напад на Косово на еден или друг начин. Ние сме претпазливи, но не се плашиме“, рече тој.

Курти, во интервју за британска агенција, која потсетува на неодамнешното зголемување на тензиите на северот на Косово поради ситуацијата со српските регистарски таблички и лични документи, вели дека би било „целосно неодговорно“ да се исклучи можноста за зголемување на тензиите и нови конфликти.

„Не велам дека ќе не нападнат оваа или следната недела, но би било целосно неодговорно… да се исклучи можноста за зголемување на тензиите и нови конфликти“, рече Курти.

Курти наведува и дека Приштина е значително поподготвена да се брани, дека Косово сега е држава, дека веќе не е 1998 година, туку 2022 година.

Подготвени сме да го браниме нашиот суверенитет, територијален интегритет, да ја браниме нашата демократија, владеење на правото, уставноста и да го браниме нашиот напредок“, тврди Албин Курти.

Тој повторно ја обвини Русија дека има улога во новото проширување на тензиите на Косово и Метохија, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин, како што тврди, има „интерес за ширење на војната“.

Курти неодамна за Италијанската „Ла Република“ и за „Радио Слободна Европа“ ги повтори истите тврдења дека постои висок ризик од нов конфликт со Србија, како и големото влијание на Русија врз Белград.