Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Грција може да го промени ставот и да го признае Косово, пишува N1.



Курти за полската ТВ П Ворлд изјави дека од петте земји-членки на Европската унија кои не го признаа Косово, Грција е најблиску до промена на својата позиција.

Тој рече дека Приштина постигнала дипломатски напредок, особено со Атина, за која рече дека е блиску до признавање на Косово.

Шпанија, Кипар, Словачка, Романија и Грција се пет од земјите членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста што Косово ја прогласи во 2008 година.