Премиерот на Косово, Албин Курти во Скопје го коментираше вклучувањето на неговата партија на изборите во Македонија. Курти вели дека неговата партија Самоопределување не е формирана како субјект во Македонија и така не може да учествува на изборите.

„Движењето Самоопределување не е регистрирано во Северна Македонија. Ние имаме активисти, имаме и службеници на нашиот политички субјект во Косово кои доаѓаат од Северна Македонија, меѓутоа овде немаме регистриран центар на Самоопределување. Затоа и ние како Самоопределување нема да учествуваме тука. Јас посакувам да има што поголемо учество на изборите бидејќи тоа допринесува за демократијата“, порача Албин Курти.





