Курти сака да го разреши Тачи

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини денеска претседателот на државата Хашим Тачи дека извршил тешко прекршување на Уставот со тоа што во 2013 година, како премиер, потпишал таен договор со тогашниот генерален секретар на НАТО Андерс Форг Расмусен, со кој на Безбедносните сили на Косово (ФСК) им се забранува влез во северниот дел од државата, населен со мнозинско српско население.



Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Курти смета дека ваквото прекршување на Уставот од страна на Тачи претставува основа за започнување на процедурата за негово разрешување од функцијата претседател на Република Косово.

„Со овој договор премиерот Тачи во името на Република Косово му го пренесе на КФОР апсолутното право на вето на сите идни мисии на ФСК на косовскиот север на неопределено време“, се вели во соопштението за медиуми од Кабинетот на премиерот.