Движењето Самоопределување (ВВ) на екс премиерот на Косово, Албин Курти, ќе се прошири во с. Македонија, тврди приштинскиот портал „Газета експрес“.



Според порталот, лицето кое ќе ги започне активностите за формирање на ВВ во земјава е професорот и политички аналитичар Арсим Синани, а меѓу иницијаторите се споменува и Беким Ќоку, некогашен пратеник на Демократската партија на Албанците (ДПА), а сега член на АА на Зијадин Сеља.

Vetevendojse на Курти веќе има свој огранок во Албанија, а најавата за ширење кон Македонија ја даде во јуни.