Курти не сака вакцини од Русија и Кина зашто не го признаваат Косово

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека некои земји кои не ја признаваат независноста на Косово, меѓу кои, како што рече, се две големи сили (Русија и Кина н.з.) произведувачи на вакцини и тоа треба да се има предвид.



„Нашата ориентација е европска и евро-атлантска, затоа имаме скептицизам и став кон помошта на земјите што не не’ признаваат, па затоа е чувствителна нашата ситуација во која се наоѓаме“, изјави Курти на заедничката конференција со министерот за здравство Арбен Витија.

Курти потсети дека Косово досега го доби првиот контингент од 24.000 дози вакцини АстраЗенека, обезбедени од програмата Ковакс.

Премиерот Курти инаку на 29 март прими вакцина „АстраЗенека“.