Курти: Косово ќе аплицира за НАТО и ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека по аплицирањето за членство во Советот на Европа, во тек се подготовките за поднесување барање за членство на Косово во НАТО и ЕУ и изјави дека сега сликата за Косово има понова содржина и на политички и на економски план.



„Направивме подготовки за аплицирање за членство во Партнерството за мир во НАТО, а ќе аплицираме и за членство во ЕУ“, рече Курти на состанокот на Генералниот совет на движењето „Самоопределување“, чиј претседател е тој.

„Забелжавме економски раст, презедовме важни чекори за зајакнување на судскиот систем, се боревме против криминалот и корупцијата, ги унапредивме сојузите и ги зајакнавме односите со пријателска држава.

Косово стана светилник на демократијата во регионот“, рече Курти.

За еговата двонеделна посета на САДинформирапше дека дека се сретнал со седум сенатори и 12 конгресмени и седум високи претставници на американската влада.