Премиерот на Косово в петок доаѓа во посета на Тетово и на скопската општина Чаир. Домаќини ќе му бидат градоначалниците Билал Касами од Беса и Висар Ганиу, припадник на „огнените“.
Посетата на овие две општини доаѓа два дена пред промоцијата на новата партија на Изет Меџити, Демократско движење која треба да биде официјализирана на 13 август.
Планирано е градоначалникот Касами и премиерот Курти да го посетат и селото Вејце, каде ќе ја промовираат идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат.
Во Чаир Курти ќе има средба со градоначалникот Ганиу, но и со „огнениот“ Изет Меџити, основач на новата политичка партија Демократско движење.
Курти во Чаир ќе присуствува и на свеченото отворање на улицата која го носи името на албански патриот и деец Адем Демачи. На средбата со Меџити ќе се разговара за планираните активности на новата политичка партија.







