Курти е злоупотребен, оценува Груби

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби обвинува дека некој се обидел да ја злоупотреби неодамнешната неофицијална посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, која опредизвика бура од реакции во македонската јавност.



„Посетата на господинот Курти е добредојдена, тој често доаѓа и често патува од овде во странство, а таа имаше локален карактер со различни мотиви од двете општини и тука не гледам никаква контроверзност… Друга работа е што некои луѓе се обидуваат да го злоупотребат господинот Курти, бидејќи граѓаните знаат дека без ДУИ не можат ниту да ја сменат таблата со името на Адем Демачи или да го направат патот Тетово – Призрен“, изјави Груби во Гостивар.