Курти дојде во Скопје на преименување на улица

Премиерот на Косово, Албин Курти, е во неофицијална посета на земјава. Тој беше пречекан од градоначалникот на Општина Чаир и присуствуваше на преименувањето на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир.
Курти беше дочекан од првите луѓе на дел од албанските политички партии во земјава, но без присуство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и без ниеден претставник на владејачкиот албански блок.
До Курти на свеченоста во Чаир стоеше „огнениот“ Изет Меџити кој оформи ново политичко движење, а присутни беа и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, како и градоначалникот на Тетово и прв човек на БЕСА, Биљал Касами.
Курти беше и во посета на Тетовското село Вејце. Новинарите немаа можност да постават политичи прашања, единствено беа дадени изјави за изградба на пат.