Курти благодарен за 1,3 милиони евра донација од Турција за одбрана

Турција го поддржува Косово, а односите меѓу двете земји се многу добри, беше заклучено на средбата на премиерот Албин Курти со турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, пренесува приштинскиот печат.



Тој им се заблагодари на Турција и на претседателот Ердоган за големата поддршка за независноста на Косово и за процесот на признавање.

„Посебно сум благодарен за донациите за одбраната, кои изнесуваат 1,3 милиони долари за 2021 година, како и за опремата и обуката во сите области. Се надеваме дека ќе продолжиме да работиме на понатамошен развој на нашата соработка на овој план. “, рече тој. Курти, соопшти неговиот кабинет.