Курти бара португалска помош за влез на Косово во НАТО и ЕУ

Премиерот Албин Курти во интервју за португалската телевизија RTPO изјави дека т.н Косово мора итно да влезе во ЕУ и НАТО.



Според него, членството на Приштина е неопходно поради руската заканата што, како што постојано тврди, доаѓа преку Србија.

Тој рече дека ја смета Португалија за пријателска и сојузничка земја, која, „може да му помогне на Косово во процесот на признавање, особено кога станува збор за Шпанија“, пренесува косовска „Gazeta Expres“.