Куршумот пред куќата на Таравари е за калашњиков, судирот во АА излегува од контрола

Според првичните сознанија куршумот пронајде пред куќата на Арбен Таравари е за автоматска пушка Калашњиков и има за цел да му испрати порака на лидерот на Алијансата за Албанците дека не смее да оди на избори со албанската опозиција, тврдат искусни познавачи на огнено оружје кои го виделе куршумот.



Во текот на раните утрински часови денеска во дворот на куќата на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, е пронајден куршум.

ТВ 21 објави фотографии од куршумот што бил фрлен во куќата на претседателот на Алијанса за Албанците во Гостивар.

На местото на настанот е и полицијата која го истражува случајот.

Таравари вчера повика на смиреност од сите членови на Алијансата но очигледно неговата порака не ја слушнале и прифатиле сите граѓани.