Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, во врска со случајот кога во фиока на починат курир биле пронајдени над 1.500 судски налози.
„Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, комнтирајќи ја изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која откри случај со недоставување на платни налози.





