Некогашниот курир за достава на покани на шефицата на Специјалното обвинителство преку колумна во Слободен печат го брани министерот за здравство Венко Филипче прашувајќи што ќе се добие со оставката на Филипче.
“Ќе оживеат загинатите од пожарот во Тетово?
Ќе оживеат починатите од ковидот? Ќе престане да се шири заразата со ковид? Модуларните болници преку ноќ ќе се трансформираат во безбедносни бедеми изработени од титаниум?“, пишува во Колумна за Слободен Печат Борче Трајковски.
“Морбидни се и во реториката и во интонацијата вмороните и некои од антивладините идиоти, во кои, пред болката, жалоста, сочувството во вакви трагични моменти што природно се појавуваат кај секој нормален човек, кај нив се препознава желбата за политизирање на трагедијата, не штедејќи ги капацитетите на пилешките мозоци, барајќи оставки и одговорности, небаре Венко, Заев и Ахмети го подметнале пожарот”, пишува во одбраната на Филипче екс Курирот на Катица Јанева.
Целата колумна на овој ЛИНК






