Според фотиграфија која се шири на социјалните мрежи српскиот весник Курир (kurir.rs) објавил шокантно тврдење на Боки 13 кое наводно го дал во полиција.
Според весникот трендсетерот на распитот во МВР порачал дека ако биде убиен ќе ги искористи доказите против Заев кои што се наоѓаат кај неговата мајка.
“Ако ме обесите и се обидете а го прикажете тоа како самоубиство, ако ме тепате, мачите или застрашувате, убаво ви кажувам да не речете дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден”, според српскиот медиум им порачал Боки 13 на македонските власти на насловната страница која ја објавуваат повеќе лица на социјалните мрежи.






