Курдски милитантки убиле полицаец во Турција – па се самоубиле

Курдски милитантки отвориле синоќа оган врз полицијата во јужна Турција, а подоцна се самоубиле активирајќи самоубиствени елеци, изјави турскиот министер за внатрешни работи.



Еден полицаец е убиен во нападот, додека вториот полицаец и еден цивил се ранети, јавија агенции.

Работничката партија на Курдистан (ПКК) е одговорна за нападот, рече министерот Сулкејман Сојлу.

Нападот бил извршен околу 23 часот од две жени, кои исто така загинале во експлозијата, додаде Сојлу.

Тие прво пукале во дежурниот полицаец, а потоа ги активирале елеците со бомби.

ПКК започна бунт против турската држава во 1984 година, а досега во тој конфликт загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка група.