Курцшлус меѓу СОЗР и Владата, ако Маричиќ сака да лета со владиниот авион ќе мора да плати за пилотите

Службата за општи и заеднички работи на владата од каде што се покриваат најголемиот дел од јавните набавки за потребите на владата и објавила неформална ,,буџетска војна” на Илинденска при што каменот се крши на вицепремиерот Бојан Маричиќ.



Извори во менаџментот на СОЗР тврдат дека луѓето што имаат право да летаат со владиниот Лир Џер направиле нешто што не се случило досега во историјата на владата во врска со трошење на средствата предвидени за патувања и летање со авион.

Досега никогаш не се случило уште во Ноември да биде потрошен буџетот кој се зголемува секоја година а во наредниве месеци има уште многу владини патувања како на пример Брисел каде ќе се одржи самит на ЕУ.

Извори во СОЗР најавуваат дека на владата и сега конкретно на вицепремиерот Маричиќ ќе му бидат одбиени сите барања за плаќања на летање со владиниот авион и за хотели затоа што се потрошиле сите пари што биле на располагање.

Дополнително СОЗР ќе бара од Маричиќ како еден од најголемите трошаџии во владата за овие ставки, ако сака да лета со владиниот авион да плати од својот или од буџетот во СЕП за сместување на пилотите кои го возат на државна сметка.

Менаџментот на СОЗР е вознемирен од користењето на владата и Маричиќ на владиниот авион кој според нив бил користен за ,,недомаќински” патувања каде Маричиќ и други функционери можеле да патуваат со друг вид или со многу поефтин сообраќај.

Избивање на афера за начинот на кој владата и Маричиќ ги трошеле парите на СОЗР досега не се случила заради притисок од високи членови на владата кој барале да не излегува на површина судирот но целосното трошење на парите на СОЗР од страна владата предизвикало речиси јавно негодување по што од службата брифираат за конфликт и очекуваат владата и Маричиќ јавно да ги објаснат сите, понекогаш непотребни скапи патувања на сметка на СОЗР.

Службата ја води Пеце Мирчески кој важи за човек од скопското крило во СДСМ во кое не е Маричиќ кој пак важи за човек на Ковачевски.

Службата за општи и заеднички работи
Службата врши општи работи и услуги за потребите на Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Македонија и Уставниот суд на Република Македонија.

Службата работи и за Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата, како и за членовите на семејството на Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата, Службата врши општи работи и услуги во согласност со закон.

Службата може да врши општи работи и услуги и за потребите на самостојните органи на државната управа, управните организации, правосудните органи и други државни органи, врз основа на договор и со надоместок.