Курц за коронавирусот: Во Европа нема солидарност

„Гледаме дека во Европа нема солидарност кога заканата станува сериозна и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата“, изјави австрискиот премиер Себастијан Курц според кој последиците од коронавирусот ќе се чувствуваат многу месеци и по борбата со пандемијата и дека светот ќе изгледа сосема поинаку поради овие настани.



„Вирусот ќе има долгорочен ефект врз тоа како се однесуваме едни со други и како живееме, колку сме претпазливи. Исто така, и ефектите на глобализацијата ќе се анализираат се повеќе“, рече тој.

Курц во интервју за „Кроне.тв“ рече дека ќе биде потребно „многу, многу долго време“ за Австрија да се врати во нормала.

Објасни дека најмалку четири недели училиштата ќе бидат затворени.

Канцеларот истакна и дека вирусот има неверојатно влијание врз економијата и затоа, треба да се вложат сите напори за поддршка на претприемачите и за обезбедување на работните места.