Курц: Варварски напад на христијаните на Големиот празник

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ги осуди терористичкте напади во Шри Ланка, во кој загинаа над 160 луѓе а стотици се ранети.



Тој е прв западен политичар кој го осуди денешниот напад.

Тој проценува дека напаѓачите сакале намерно да ги наведуваат христијаните на Велигден.

„Длабоко сум вознемирен и загрижен за големиот терористички напад врз неколку цркви и хотели во Шри Ланка”, напиша Курц на Твитер, според кој екстремистите сакале да ги нападнат христијаните на Велигден.

И австрискиот претседател Александар ван дер Белен и министерот за надворешни работи, Карин Кенисел, ги осудија нападите во Шри Ланка, велејќи дека тоа е страшен, варварски чин, кој треба да се осуди.