Австриските конзервативци на мандатарот за состав на идната влада Себастијан Крц и лидерот на „Зелените“, Вернер Коглер, доцна синоќа постигнаа договор за формирање коалициска влада.
Австрискиот печат го оцени како „експеримент“ , коалицирањето на конзервативната Австриска народна партија со левоориентираната еколошка партија.
Договорот следува по три месеци откако партијата Курц освои 37,5 проценти од гласовите на изборите на 29 септември, по што бараше коалициски партнер за да има мнозинство во Долниот дом на Парламентот. Зелените беа на четвртото место со 13,9 проценти од гласовите.
Претходната коалициска влада составена од Австриската народна партија на 33-годишниот Курц, и екстремно десничарската Партија на слободата (FPO), пропадна во мај по само 17 месеци, поради корупцискиот скандал во кој беше вмешан тогашниот лидер на FPO и вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе.





