Курц: Не плаќајте за ефтини корона-тестови од Западен Балкан!

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат за тестирање на Ковид-19 во овие земји.



„Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патување. Секојдневно имаме се повеќе случаи на инфекција, чие потекло може да се поврзе со Западен Балкан“, рече Курц, додавајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување кон Западен Балкан.

Курц ја доведе во прашање валидноста на евтините тестови за Ковид-19 на дестинациите во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за Ковид-19 на Меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек, пренесува „Вечер“.