Курц и идниот шеф на ЕК ги посрамија балканските лидери

Со фотографијата што ја реобјави австрискиот канцелар Курц од Виенскиот новогодишен концерт тој целосно ги посрамоти балканските но и некои други европски лидери.



Курц и кандидатот на Европската Народна Партија за иден лидер на Европската Комисија Манфред Вебер на фотографијата скромно со своите партнерки не седат во првите редови пред концертот на Виенската филхармонија.

За разлика од нив балканските лидери пред сите други вообичаено на ваков вид јавни настани секогаш се во првите редови, пристигнуваат со помпа а неретко и го користат настанот за себепромоција.

Пред два дена ноќта за нова година истото се обиде да го направи Петре Шилегов на плоштадот Македонија но доби свирежи од присутните.

„Градоначалникот на годината“ исвиркан на Нова година на плоштадот Македонија (ВИДЕО)