Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.



Со Договорот, Република Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец., јави Фокус, но не е познато кога ќе стигнат во земјата.

„ Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец“ објави министерот на фејсбук.